gototop

Екипата на Далас Маверикс, шампионот на НБА лигата, забележа победа против ЛА Клиперс (96-92) во најинтересниот наптревар од НБА лигата од синоќешните натпревари.

НБА преглед: Клиперси поразени од шампионот Далас, Мајами убедливо против Милвоки

Најдобар поединец во екипата на Далас беше МВП-то на последното финале, Дирк Новицки со 22 поени, а двоцифрени беа уште и Шон Мерион со 16 поени, а по 10 поени имаа Брендон Хејвуд, Делонте Вест и Винс Картер. Кај Клиперси, нивниот поранешен член Керон Батлер имаше 23 поени, Блејк Грифин имаше 20 поени, а Крис Пол 16 поени. Мо Вилијамс додаде 11 поени, а Кенион Мартин, новиот член на Клиперси по вракањето од Кина, каде што играше за време на локаутот, имаше 10 поени.

Мајами забележа убедлива победа против Милвоки Бакс (114-96), а Леброн Џејмс постигна 35 поени. 22 поени останаа запишани зад името на Двејн Вејд, а Марио Чалмерс имаше 13. Од клупата рукито Норис Кол постигна 10 поени. Кај Бакси, кои сè  уште играат без Ендру Богут, Карлос Делфино имаше 24 поени, по 12 поени постигнаа Дру Гуден и Брендон Џенингс, а 11 поени имаше Бено Удрих.

На останатите 4 наптревари се постигнати следниве резултати: Филаделфија 76 98- Шарлот Бобкетс 89; Минесота Тимберлвуфс 89 - Орландо Меџик 102 ; Јута Џез 80-Њу Орлеанс Хорнетс 86; Феникс Санс 96- Голден Стејт Вориорс 102.

Најдобрите потези од синоќа:

С.Е | бркај работа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email
mojot-grad