Сан Антонио Спарс сè уште немаат загубено ниту натпревар во плејофот на НБА. Тие синоќа го победија Лос Анџелес Клиперс со 102-99 и ја добија серијата со 4-0, исто како и претходната против Јута.
Индијана изгледа нема никаков респект кон Леброн и Вејд, па откако Крис Бош се повреди, тие сфатија дека го имаат Мајами в џеб. Вчера во Индијанополис тие победија со речиси 20 разлика, 94-75.
Кевин Дурант е најзаслужен за победата на Оклахома од два поени над Лос Анџелес Лејкерс, синоќа во Чизапик енерџи арената во Оклахома сити. Тандер победи во интересен финиш со 77-75.
Оклахома Тандер во првиот натпревар од второто коло во плејофот на НБА го победи Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен со 119 - 90. Со тоа Оклахома поведе во серијата со 1-0.
Олимпијакос Пиреја за кого настапува македонскиот репрезентативец Перо Антиќ ја освои Евролигата откако вчера во Истанбул, во финалето од фајнлфорот ја победи ЦСКА Москва со 62-61.
„Перо Антиќ, број шест, Фиром“ - се слуша на видеото веднаш по коментаторот, на видеото во кое некој гледач успеал да го сними моментот на претставување на тимовите на Олимпијакос и Барселона во вчерашниот меч.
Мотивираните играчи на Денвер Нагетс ја изедначија серијата со Лејкерси на 3-3 и судбината ќе ја решаваат во Стејплс центарот за два дена откако ноќеска прикажаа одлична игра и победија со 113-96.