Вчера екипите на Арсенал и Челзи одиграа дерби за паметење. „Топџиите“ имаа водство од 1-0, но во 92. минута погодија за реми (2-2), но само неколку секунди подоцна Мората промаши зицер, а во продолжение Запакоста ја погоди стативата на Чех.

 Иако фудбалската игра уживаа во 90-те минути на „Емирати“ сепак менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, кој по мечот изјави дека тимот повторно е жртва на лошите судиски одлуки.

- Судиите повторно донесоа неколку клучни одлуки против нас. Сега ќе морам да ги подготвувам моите фудбалери да се справуваат и со судиите. Одигравме одличен меч, јас верувам дека мојот тим има сили да слави победа, но таа можност ни беше одземена. Таквите работи се сè почести на нашите мечеви - вели Французинот.

По овие зборови Венгер беше запрашан дали ВАР технологијата треба да се воведе во Премиер лигата.

- Искрено, не сум оптимист за таа работа. Не верувам дека до толку ќе се променат работите. Воглавно сакам да зборувам за играчите и играта, а не за судиите и нивните одлуки - заврши менаџерот на Арсенал.

Со ова реми „топџиите“ останаа на шестата позиција на табелата на Премиер лигата со 49 бода, а Челзи не успеа да се искачи на второто место и остана трет со само еден бод заостанување зад Јунајтед.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа