Лука Миливојевиќ, фудбалерот на Кристал Палас Нова година ја поминал во очај откако не успеа да го реализира ударот од 11 метри на последниот лански меч на екипата против големиот фаворит, Манчестер Сити.

Доколку српскиот фудбалер во 93. минута од тој меч ја затресеше мрежата на Едерсон, тоа ќе значеше прв овосезонски пораз за „граѓаните“ во Премиер лига, но наместо херој стана трагичар.

- Да бидам искрен, по тоа промашување не спиев две ноќи. Ми беше многу тешко, бидејќи доколку го погодев тој пенал ќе го срушевме големиот Сити. Но, фала му на Бога, Новата година ја започнавме со победа, а јас постигнав гол. Овој успех е големо олеснување за мене - рече Миливојевиќ по вчерашниот меч со Саутемптон.

Но за среќа вчера токму со голот на српскиот репрезентативец во 80. минута, Кристал Палас извојува голема гостинска победа над Саутемптон од 1-2.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа