Vip

По мала пауза поради репрезентативните натпревари вчера вечерта продолжи 12. коло во Бундеслигата, а во првиот натпревар фудбалерите на Борусија Дортмунд изненадувачки се поразени од Штутгарт со 2-1 (1-1).

„Жолто-црните“ веќе пет кола не знаат за победа, по што веќе заостануваат во битката за титулата.

Во првиот дел „милионерите“ доминираа на теренот, но на полувреме се заминаа со по еден гол на двете страни. Фудбалерите на Штутгарт погодија буквално од единствениот удар, откако Аколо во 5. минута го искористи грубиот кикс на Бартра и Бурки и донесе предноста за домаќините (1-0). Кон крајот на првиот дел Шурле промаше пенал, но веднаш потоа Максимилијан Филип израмни на 1-1.

На стартот на второто полувреме Брекало повторно донесе предност за  Штутгарт откако одлично ја заврши соло акцијата и по вторпат ја затресе мрежата на Швајцарецт Бурки. Подоцна Борусија Дортмунд имаше свои шанси за ново израмнување, најнапред се закани Шурле, а мрежата на Штутгарт ја погоди Јармоленко, но неговиот гол беше поништен поради офсајд.

До крајот Брекало имаше шанса да ја потврди победата, но неговиот удар во во 85. минута Бурки одлично го одбрани.

Во наредното коло Борусија Дортмунд го пречекува тимот на Шалке 04, а Штутгарт гостува кај Хановер.

banerIscelitelMilenium

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila