Vip

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, е лут на англиската репрезентација за она што му е направено на неговиот фудбалер Фил Џонс.

Murinjo1811

Тој повреден му се приклучи на националниот тим, но и покрај тоа играше против Германија пред да се врати во тимот. За таа цел во неговото тело биле вбризгани шест инјекции со цел да се суспендира болката и да може да игра без проблеми.

- Во 17 години тренерска кариера не сум видел на фудбалер да му се стават инјекции за да игра на пријателски натпревар. Никогаш! Ни јас не сум ангел и сум користел инјекции за суспензија на болка, но за пријателски натпревари??? - вели Мурињо.

- На Фил му била ставена една инекција дента пред натпреварот. Потоа не се чувствувал добро на загревањето и тогаш му биле ставени уште пет. Немам што друго да кажам - вели Мурињо.

Неизвесно е дали Џонс ќе игра денеска против Њукасл, но и на следните натпревари.

banerIscelitelMilenium

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila