Vip

Речиси како научна фанстастика звучи приказната на еминентниот британски „Тајмс“, но проценката на Челзи за реконструкција на „Стемфорд Бриџ“ е целосно погрешна па наместо 500.000.000 фунти, новото лице на стадинот на Челзи ќе чини цели милијарда фунти!

Никому не му е јасно како е возможно да се направи толкава грешка, но по повторните проценки, зголемувањето на капацитетот за 20.000 места и реновирањето на „Стемфорд Бриџ“ ќе има навистина астрономски трошоци.

За време на реновирањето, Челзи планира да игра на Олимпискиот стадион во Лондон, или пак на „Твикенхам“ кој е вториот најголем стадион во Англија, но се користи исклучиво за рагби, па тоа ќе биде дополнителен трошок за Челзи. Згора на тоа, Абрамович во целиот проект ќе мора да вклучи инвестициони фондови.

Според најавите на „Тајмс“, ваквата грешка ќе го ослабе клубот во натпреварувачка смисла, односно нема да можат да бидат конкурентни на трансфер пазарот бидејќи огромни средства ќе бидат пренасочени за стадионот.

Со оглед на тоа дека на тимот на Челзи му се неопходни засилувања, што покажуваат и резултатите, нема да биде зачудувачки ако идната сезона останат без Антонио Конте, кој јавно порача дека не е задоволен од трансфер политиката.

banerIscelitelMilenium

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila