gototop

di-vaio-vs-interИнтер повторно загуби. Се чини дека црно-сините од Милано се распаѓаат. Вчера тие загубија со 0-3 од Болоња на домашен терен.

Откако минатиот натпревар загубија од Новара којашто е последна на табелата во Серија А, вчера загубија повторно дома, но со неверојатни 0-3 од Болоња, којашто исто така се бори за опстанок во лигата.

На домаќините им пресуди фантастичниот Марко Ди Вајо со два погодоци уште во првото полувреме, а судбината ја запечати Аквафреска во 85-та минута.

Тимот на Интер изгледаше дезориентирано, а на моменти и незаинтересирано. Форлан не се виде на теренот и излезе во 61-та минута, Пацини којшто практично го избрка Пандев од екипата го одигра можеби најлошиот натпревар во дресот на Интер, а Снајдер повеќе мафташе со рацете на теренот отколку што играше фудбал.

Единствено стандардно упорен беше капитенот и легенда на Интер, Хавиер Занети, а и Маикон делуваше како да сака да победи, но со двајца играчи Интер беше немоќен.

Тренерот на Интер, Клаудио Раниери, сепак за медиумите по мечот изјави дека нема намера да се повлече од функцијата и рече дека тој, заедно со играчите се извинуваат до навивачите и претседателот и дека ќе ја пребродат кризата.

di-vaio-vs-inter-sneijder-02

За Болоња ова е прва победа по 10 години против Интер.

В.Н. | бркајработа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email
mojot-grad