
Лацио загуби од Атлетико Мадрид со 1-3, Ајакс загуби од Манчестер Јунајтед со 0-2, а Порто од Сити со 1-2. Всушност, само три натпревари завршија со победа на домаќините вчера. Победија АЗ, Локомотив Москва и Хановер. Како гости пак, покрај веќе споменатите, победија и Валенсија, Металист, Твенте и ПСВ Ајндховен.
Лацио го почести Диего Симеоне на Олимпико, којшто сега седи на клупата на Атлетико Мадрид и може да се каже дека беше и повеќе од добар домаќин со оглед на тоа што му дозволи да си замине во Мадрид со предност од два гола во пресрет на реваншот. Резултатот го отвори Клосе во 19 минута, но бргу потоа изедначи и поведе Атлетико, за да ја запечати судбината во второто полувреме.
Ајакс дома одигра добар натпревар против Јунајтед, но гигантот едноставно беше пресилен за Холанѓаните. Алекс Фергусон не остави ништо на случајот и го изнесе на теренот својот најсилен состав. Головите за Јунајтед ги постигнаа Јанг и Хернандез.

Во Лисабон, Порто поведе против Манчестер Сити и се чинеше дека ќе ја задржи предноста бидејќи играше одлично. Но, среќата ги послужи Англичаните и тие изедначија преку автогол на Переира. И само што Манчини одлучи да ги брани тие 1-1, го внесе Коларов во игра за да ја зајакне одбраната, Манчестер постигна нов гол за 2-1 и тоа преку Агуеро којшто влезе неполни 10 минути порано на местото на Балотели.
