Иако поседот на топка говори дека мечот бил изедначен или блага инцијатива имал Арсенал, головите не велат така. Навистина, Арсенал не беше толку слаб за да загуби 4-0, но на Сан Сиро голови даваа само црвено-црните.
Еден од најдобрите играчи на Милан, Принц Боатенг, уште од почетокот покажа дека е расположен за игра умешно проигрувајќи ги своите соиграчи и покажувајќи со каква техника располага дриблајќи ги противничките играчи. Може да се каже дека тој е најзаслужен за победата на Милан, бидејќи во ситуација кога неговата екипа немаше никаква доминантност на теренот, успеа со еден спектакуларен шут да погоди за 1-0.
Потоа Робињо даде два гола едно по друго, а на крајот Ибрахимовиќ се избори за пенал којшто сам го реализираше.
Во редовите на Арсенал три добри удари на противничкиот гол имаше Робин Ван Перси, но Абиати беше поуспешен во сите три дуели. Реваншот за две недели се игра на Емирати во Лондон, но Арсенал ќе мора да извади некој сериозен трик од ракавот на Арсен Венгер, во спротивно, поразот е неминовен.
В.Н. | бркајработа
