Фудбалскиот клуб Вардар оваа година слави 65 години од своето официјално постоење. Воедно, оваа година Комити слават 25 години од своето постоење.Навивачката група којашто од своето постоење на територијата на Македонија ги поставува стандардите и покажува како треба да се навива за својот клуб и безрезервно да се сака, најавува вистински спектакл на улиците на Скопје како и на самиот стадион на денот на натпреварот кога јубилејот ќе биде одбележан.
ФК Вардар на 25 април ќе одигра пријателски натпревар со Динамо Загреб како дел од славјето на својата годишнина, а Комити со своја кореографија исто така ќе го одбележат своето 25 годишно постоење.
Како што најавуваат од Комити, се подготвува големо шоу на денот на настанот, а целиот ден ќе биде обоен црвено-црно со различни културни случувања, а не само со навивање пред и за време на натпреварот. За повеќе детали можете да ја погледнете статијата што ја напишаа момците од Комити.орг, официјалната страница на навивачкта група.
Екипата на бркајработа.мк им го честита јубилејот на Комити, на фк Вардар и ќе се потруди одлично да го покрие медиумски целиот настан.
В.Н. | бркајработа
