Рафаел Надал со 7-5 и 6-3 го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на отвореното првенство на Италија, во Рим. За Шпанецот тоа е втора победа по ред над најдобриот тенисер во светот и со оваа победа тој се зацврсти на втората позиција на АТП листата пред Роџер Федерер.
Русија со 6-2 ја победи Словачка и стана светски шампион во хокеј на мраз. Во финалето, репрезентативците на Русија беа за класа подобри од Словаците и заслужено стигнаа до големиот пехар.
Сан Антонио Спарс сè уште немаат загубено ниту натпревар во плејофот на НБА. Тие синоќа го победија Лос Анџелес Клиперс со 102-99 и ја добија серијата со 4-0, исто како и претходната против Јута.
На пријателскиот натпревар помеѓу Атлетико Мадрид и Америка Де Кали од Колумбија, Радамел Фалкао постигна гол кој дефинитвно ќе влезе во изборот за гол на годината.
Минхен лудува. Минхен лудува, но фановите на Челзи се оние кои вечерва ќе го превртат градот. Сините од Лондон успеаа да победат по изведувањето на пенали.
Денес се игра 57-то финале од лигата на шампионите и во него ќе се сретнат англискиот гигант Челзи и домаќинот, четирикратниот освојувач на ова натпреварување, Баерн Минхен.
Индијана изгледа нема никаков респект кон Леброн и Вејд, па откако Крис Бош се повреди, тие сфатија дека го имаат Мајами в џеб. Вчера во Индијанополис тие победија со речиси 20 разлика, 94-75.
Кевин Дурант е најзаслужен за победата на Оклахома од два поени над Лос Анџелес Лејкерс, синоќа во Чизапик енерџи арената во Оклахома сити. Тандер победи во интересен финиш со 77-75.