Актерката Џули Маникс забременила на 19 години и воопшто не ни помислила дека нејзините родители би ја сместиле во ментална болница како казна за "валкањето" на семејното име.

Сепак, тоа ѝ се случило, а после долги години ја напишала книгата "Тајни бури" посветнена за пеколот низ кој поминувала поради љубовта и срамот од кои никој не сакал да ја заштите.

Младата Џули забременила од тогашното момче Френк, за кој подоцна дознала дека е оженет. Во тој период абортусот бил нелегален, па родителите одлучиле да ја сместат во ментална болница за да го избегнат срамот.

- Седев во студена просторија, зелени ѕидови околу мене и луѓе кои постојано зборуваат нешто. Јас бев во трет месец од бременоста. Беше навистина страшно - зборува Џули.

На 19 април, 1964 година таа ја роди својата прва ќерка, Ејми откако поминала седум месеци со луѓе кои навистина имале психички проблеми.

storm08

- Во тоа време, да се роди вонбрачно дете беше незамисливо. Добив ќерка, која веднаш ја дадов на посвојување, бидејќи сакав да има дом, да биде размазувана, а јас тоа не можев да ѝ го озвозможам. После пораѓајот, се вратив во куќата на моите родители. Бев тажна и скршена. Толку млада, а веќе сништата за совршен семеен живот ми завршија - вели Џули.

Сепак, Френк и Џули стапиле во брак во 1965 година и добиле уште две деца, два синови. Но, од 1964 година го славеле роденденот на Ејми, а потоа дознале дека нивната Ејми е всушност Кејтлин Мери Вислер. Некогашното девојче, а сега жена, растела со добро семејство, а откако нејзината мајка починала, имала проблеми со својата маќеа. На 12 година Ејми или Кејтлин дознала дека била посвоена.

Потоа следувале тешки години, па откако и Кејтлин добила свои деца и се распрашувале за нивната баба, таа се одлучила да ги побара биолошките родители.

Потребни им биле 44 години за семејството повторно да се обедине.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа