Vip
Четврто по ред е интервјуто со Филип Трајковски. Како изгледаше нашиот разговор со него, погледнете во продолжение

               Интервју со Филип Трајковски 1         Интервју со Филип Трајковски 3

бркај работа: Kако би се опишал себе си?

Ф.Т: Би се опишал себе си како забавен, позитивен и секогаш насмеан.

бркај работа: Зошто се пријави на проектот?

Ф.Т: Се пријавив на проектот затоа што сакам да ја запознаам Katy Perry и за да победам секако.

бркај работа: Дали очекуваше дека ќе влезеш во топ 20?

Ф.Т: Секако дека очекував. Затоа се и пријавив.

бркај работа: Како го снимавте видеото, Ви помогна ли некој при монтирањето на истото?

Ф.Т: Имав помош од другарите и од сестра ми при снимањето на видеото, но сам го монтирав.

бркај работа: Што мислите за конкуренцијата?

Ф.Т: Конкуренцијата беше доста голема и мислам дека доколку нема конкуренција, нема да има ни натпреварување.

бркај работа: За кој од нив би гласале?

Ф.Т: Би гласал за уште 2-3 видеа кои, покрај моето, беа супер!

бркај работа: Кои песни од Katy Perry најмногу Ви се допаѓаат?

Ф.Т: Па, ова е доста тешко прашање. Не можам да издвојам некои. Еве на пример E.T., Futuristic Lover.

бркај работа: Дали свирите во некој бенд?

Ф.Т: Не

бркај работа: Омилени бендови/пејачи/пеачки?

Ф.Т: Rihanna, Katy Perry, David Guetta, Ne-Yo, Keri Hilson, Beyonce, Jay Z, Alicia Keys, The Black Eyed Peas...

бркај работа: Идол?

Ф.Т: Идол, немам :)

бркај работа: Дали откако влеговте во топ 20 Ви се случило, некој надвор да Ве препознае?

Ф.Т: Па, мислам дека еднаш или двапати.

Интервју со Филип Трајковски 2

бркај работа: Имате ли слободно време и како тоа го користите?

Ф.Т: Слободно време имам многу малку, бидејќи сега многу сме преокупирани со училиштето. Слободното време го поминувам со другарите, шетаме, излегуваме... и така :)

бркај работа: Ќе читате ли бркај работа откако ќе заврши натпреварувањето?

Ф.Т: Да.

 

 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila