Колку ли беше ладно таа вечер! Врнеше снег, а ноќта надоаѓаше. Беше тоа вечер наспроти Нова година. Во тоа ладно и темно доба по улиците талкаше едно малчко сиромашно девојче, гологлаво и босного.

devojceto-so-kibritcinjata

Да, таа од дома беше излегла обуена, но како да се оди во огромни чевли? Тие чевли беше ги носела нејзината мајка – ете колку беа големи – и девојчето токму тој ден ја имаше изгубено едната додека трчаше по патот, исплашена од две кочии, кои беа во итаница. Па, така едната чевла не ја најде, а другата, пак, и ја зеде едно момче кое рече дека од неа ќе биде многу добра лулка за неговите идни деца.


И така девојчето шеташе боса, а нејзините ноџија и беа поцрвенети и посинети од студот. Во џебот на нејзиниот стар скутник имаше неколку кутии влажни кибрити, а една кутија држеше в рака. Цел ден таа не беше продала ниту едно чкорче, а никој не и ни подаде барем грош. Таа талкаше гладна и измрзната. Изнамачена беше, кутрата!


Снегулките се вплеткуваа на нејзините долги руси локни, кои убаво паѓаа по нејзините плеќи, но таа воопшто не ни забележуваше дека се убави. Од сите прозорци се излеваше светлина, улиците беа исполнети со вкусне мирис на печена гуска – се чекаше Новата година. Ете на што мислеше таа!
На крајот девојчето најде едно ќоше покрај една куќа.

Тоа седна тука и се стутули, подвиткувајќи ги нозете под себе. Но, му стана уште поладно, а не смееше да се врати дома: немаше продадено ниту едно чкорче, немаше заработено ни грош, а знаеше дека за тоа ќе добие ќотек од татко и; згора на тоа размислуваше дека и дома ќе и биде ладно; тие жевееја на чардак, каде завиваше ветерот, иако големите дупки во ѕидот беа затворени со сено и со партали.

Нејзините рачиња беа сосема вкочанети. Ах, како ли би и ги згреал огнецот од едно мало чкорче! Само кога би смеела да извади едно чкорче, да го чкрапне од ѕидот и да си ги загрее прстињата. Девојчето со страв извади едно чкорче и… чкрап! Чкорчето заискре и се разгоре. Девојчето го прикри со раката, а чкорчето почна да гори со рамномерен пламен, исто како свеќичка.

Прекрасна свеќа! На девојчето му се стори како да седи пред голема железна печка со блескави бакарни топчиња и вратички. Колку прекрасно гори во неа огнот, колку е топло од него! Што е тоа? Девојчето ги испружи нозете кон огнот за да ги згрее и одеднаш… пламенот згасна, печката исчезна, а во рацете на девојчето остана изгореното чкорче.

Таа чкрапна уште едно чкорче, тоа се разгоре, засвете и кога блесокот од него падна на ѕидот, тој стана прозрачен, како муслин. Девојчето виде соба, а во неа маса покриена со белоснежен чаршав на кој беа поставени садови од скап порцелан; на масата се ширеше чудесна арома, беше поставена чинија со печена гуска со прелив од модри сливи и јаболка! Најчудесно беше тоа што гуската одеднаш скокна од маската, сосе виљушката и ножот в грб, и се стркала кон подот. Одеше таа право кон кутрото девојче, но… чкорчето се изгасна и пред сиротицата повторно се појави непробојниот ладен и влажен ѕид.

Девојчето запали уште едно чкорче. Сега таа седеше пред раскошна новогодишна елка. Таа елка беше многу повисока и поукрасена отколку онаа што ја имаше видено додека ѕиркаше низ прозорецот од куќата на еден богат трговец. Илјадници свеќички се разгореа на зелените гранки, а шарените цртежи со кои ги украсуваат излозите на продавниците гледаа на девојчето. Малечката ги подаде рацете кон нив, но… чкорчето згасна. Оганчињата почнаа да се оддалечуваат и станаа јасни ѕвезди. Една од нив падна од небото, оставајќи зад себе долга огнена трага.

“Некој умрел”, – си помисли девојчето зашто нејзината баба, која недоамна беше починала и која ја сакаше најмногу на светот, неколку пати и имаше кажано: “Кога паѓа ѕвезда нечија душа одлетува кон Бога”.
Девојчето одново чкрапна чкорче од ѕидот и во тој момент се околу неа се осветли, а во таа светлина девојчето ја виде баба си, толку мирна и светла, толку добра и мила.

- Бабо, – извика девојчето, – земи ме, земи ме со тебе! Знам дека ќе заминеш кога чкорчето ќе се изгасне, исто како топлата печка, како вкусната печена гуска и чудесната голема елка.

Таа набрзина ги чкрапна сите чкорчиња што и беа останале во кутивчето, – ете колку сакаше да ја задржи баба си. Чкорчињата засветеа со таква заслепувачка светлина што стана посветло отколку кога е ден. Баба и додека беше жива никогаш не била толку убава, толку величествена. Таа го фати девојчето за рака и облеани со светлина и со радост двете се вознесоа високо-високо, онаму каде не постои ниту глад, ниту студ, ниту страв, – тие се вознесоа кон Бога.

Во ладното утро го најдоа девојчето пред куќата: на нејзините образи играше црвенилото, на усните имаше насмевка, но тоа беше мртво; тоа замрзна на последната вечер од страта година. Новогодишното сонце го осветли мртвото телце на девојчето со кибритчиња; таа ја беше изгорела речиси сета кутија.
- Девојчето сакало да се згрее, – велеа луѓето. И никој не знаеше какви чудеса таа виде, во каква убавина таа и баба и ја дочекаа Новата година!

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

 

 

password-april-maj-2014-2

gg-vlozi

prljavo-vlado

pevajbrate

logo milenium
Мисла на денот
Виц на денот
Стрип на денот
Фото на денот
Со желба за знаење
galerija

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email
  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа