gototop

Тимскиот дух и групната соработка ја победуваат себичноста, а луѓето кои се подготвени да се посветат на заедичката работа имаат поголеми шанси за успех во деловниот свет - тврди тим од научници од Универзитетот Њујорк. Тие ги побиваат еволуцските тези дека себичноста е вродена особина кај луѓето и тврдат дека точно е спротивното, односно дека целта на еволуцијата е подобра соработка меѓу луѓето.

Групната соработка е вродена човекова особина, а не себичноста

„Себичноста може да донесе успех кај некоја група луѓе, на пример на работа, но групата со себични поединци секогаш ќе изгуби ако се  натпреварува со оние кои соработуваат меѓу себе“ - вели водителот на истражувањето, Дејвид Слоун Вилсон, кој своите теории ги докажал преку бројни социјални проекти во заедницата.

Резултатите на истражувањето откриваат дека луѓето кои во помала мера го имаат генот на себичноста се и генерално подобри луѓе. Тие први ги завршуваат задачите, особено ако работат здружени со други луѓе.

„Тоа е природен начин на соработка, а ние сме во заблуда ако веруваме дека грижата само за себе е природна, бидејќи не е. Тоа е само обичен изговор“ - нагласува Пол Монахан коментирајќи ги резултатите.

Што мислите? Се согласувате ли со ваквото тврдење или сепак мислите дека луѓето по природа се себични?

И.К | бркај работа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email
mojot-grad