Првата работа што треба да ја направите наутро откако ќе се разбудите не е да се напиете кафе туку да внесете една чаша топла вода. Еве и зошто?

Топлата вода го подобрува дигестивниот систем. Грчевите и подуеноста најчесто се предизвикани од недостиг на вода во организмот. Затоа, една чаша топла вода наутро, на празен желудник ќе ја поттикне работата на цревата и ќе му помогне на организмот нормално да функционира.

 Докторите сметаат дека топлата вода ги намалува и болките предизвикани од менструалните тегоби. Топлината ќе ги опушти стомачните мускули со што ќе се ублажи болката. Имено, топлата вода е добра за сите видови грчеви бидејќи ја подобрува капиларната циркулација и ги опушта мускулите.

Топлата вода ја зголемува температурата на телото и со тоа го забрзува метаболизмот. На тој начин организмот согорува повеќе калории. Покрај тоа, добро делува на бубрезите и другите органи за излачување.

Исто така, придонесува за подобра циркулација, го спречува процесот на стареење и ја подобрува еластичноста на кожата, со тоа што го ослободува организмот од разни отрови.

Редовното консумирање на топла вода помага кај астмата, шумот на срцето, но ќе ви даде дополнителна сила ако сте настинати и кашлате.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа