gototop

Витамините и минералите се неопходни за човековото здравје, а истражувањата покажуваат дека тие можат да спречат рак, болести на срцето и други здравствени проблеми. Сепак, голем дел од тие истражувања се спроведени со користење на храна богата со витамини, а не со додатоци во исхраната како што се разните прашоци, капсули и сирупи кои многу луѓе ги користат секој ден.

Витаминките додатоци не им се потребни на луѓето кои јадат многу овошје и зеленчук

Врамнотежената исхрана во која се вклучени и многу овошје и зеленчук ќе Ви ги обезбеди сите потребин витамини и минерали. Од друга страна пак, мултивитаминските додатоци се препорачливи за луѓето кои живеат брзо и се хранат нездраво. Некои витамини како што е фолната киселина им се препорачуваат на трудниците и доилките. Сепак, сè уште не е докажано дали овој витамин од групата Б помага во борбата против ракот, срцевите болести и психичките тешкотии.

Калиумот може да го намали крвниот притисок и да ја врамнотежи работата на срцето. Тој е многу корисен кај луѓето кои јадат премногу сол, но им штети на постарите лица со бубрежни болести, па затоа пред да земете калиум посоветувајте се со Вашиот лекар. Инаку, овој минерал природно се наоѓа во бананите, сувото грозје, лиснатиот зеленчук, портокалите и во млекото.

Витаминките додатоци не им се потребни на луѓето кои јадат многу овошје и зеленчук

Витамин Ц

Тој го скратува траењето на настинката и не е штетен, бидејќи вишокот лесно се исфрла од телото. Особено е корисен за луѓето кои се изложени на чад од цигари.

Железо

Додатоците кои содржат железо се корисни доколку сте анемични. Можат да помогнат кај жените за време на менструалниот циклус, но можат да бидат штетни за мажите. Во секој случај, посоветувајте се со лекар пред да почнете да земате дополнително железо.

Бета-каротен

Истражувањата покажуваат дека земањето на бета-каротен го зголемува ризикот од рак кај пушачите. Наместо овој додаток, јадете моркови и портикали. Во нив има доволно бета-каротен и нема да Ви бидат потребни додатоци.

Витаминките додатоци не им се потребни на луѓето кои јадат многу овошје и зеленчук

Наместо разни таблети јадете бразилски ореви

Според некои истражувања селенот е многу корисен во превенцијата од рак. Дневните потреби од овој минерал можете да ги задоволите така што ќе изедете само две бразилски оревчиња.

Знаеме дека е многу полесно да се напиете едно апче мултивитамини и да ги задоволите сите потреби на телото, но како што се вели и на почетокот на статијава - истражувањата кои тврдат дека витамините и минералите се здрави за Вас се направени со користење на здрава храна, а не со користење на апчиња и таблети. Затоа, обидете се да се храните здраво и разновидно наместо да пиете разни додатоци секој ден.

И.К | бркај работа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email
mojot-grad