Уште во Антиката, Хипократ и Херодот препорачувале купки во морска сол при различни здравствени заболувања, особено кај реумата и ишијасот, како и кожни заболувања, воспаленија и рани.

Поради своите чудотворни својства, морската сол е главна состојка на многубројни препарати за нега, здрваје и разубавување на кожата и телото.

Балансирачка маска за лице

Солта во комбинација со медот може да има анти-инфламаторно дејство на кожата, која ги смирува иритациите кои настануваат на кожата од различни влијанија.

Постапка: Измешајте 2 лажички сол со 4 лажички мед (мешајте додека смесата не се соедини). Нанесете ја маската на лицето, избегнувајќи го делот околу очите и оставете да дејствува околу 15 минути, а потоа исплакнете со топла вода.

Пилинг за тело Солта е природен и нежен ексфолијант кој помага во отстранувањето на мртвите клетки, а минералите кои се содржани во неа ќе се погрижат за омекнување и хидрација на кожата.

Постапка: измешајте 1/4 шолја сол со 1/2 шолја маслиново масло. Користете го како пилинг со нежни, кружни движења за време на туширањето.

Третман против првут

Солта ќе ви помогне да го отстраните првутот, а истовремено ќе го апсорбира вишокот на маснотии.

Постапка: разделете ја косата на неколку делови, навлажнете ги врвовите на прстите со вода или есенцијално масло од ментол и земете количина сол со која ќе го масирате скалпот неколку минути (оваа постапка исто така делува и релаксирачки). На крај измијте ја косата со шампон за секојдневна употреба.

Третман за нокти Солта ќе ги омекне кутикулите и ќе ги зајакне вашите нокти. Во комбинација со сок од лимон и сода бикарбона исто така ќе помогне во избелување на ноктите.

Постапка: измешајте една лажичка сол со лажичка сода бикарбона, додадете неколку капки свежо исцеден сок од лимон и 1/2 шолја топла вода. Потопете ги вашите прсти во растворот и оставете да дејствува неколку минути (за поинтензивен ефект нежно тријте со четкичка).

Избелувачка паста за заби  Солта во комбинација со сода бикарбоната има абразивни својства кои помагаат во избелувањето на забите. Користете ги заедно со пастата за заби еднаш месечно.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа