Што го возбудува вашиот партнер според хорскопскиот знак. Во следните неколку страници ви претстои да дознаете како да стигнете до подобар секс со секој еден од претставниците на зодијакот.

Овен

Овните се агресивни и повеќе ги привлекуваат и возбудуваат импулсивните и страстните партнери отколку префинетите и нежните. Нив ќе ги возбудите лесно со тоа што ќе им шепотите спонтани и искрени зборови на увце.

Бик 

Тие обожаваат подароци и вкусна вечера во комбинација со софистицирано вино. За да го полудите целосно, слободно може да дадете и бакнежи по вратот – делуваат беспрекорно возбудувачки.

Близнаци

Драматични пресврти и спорови – тоа е најголемиот афродизијак за претставниците на знакот близнаци. Во подоцнежна фаза од врската сакаат да експериментираат со нови техники или пози.

Рак

Долги прегратки и бакнежи – тоа се сите нешта со кои ќе привлечете еден рак кон себе. Ги привлекуваат енергични и независни личности, но не нападни, и оние кои зрачат со свој сјај.

Лав

Лавовите ги сакаат сите форми на изразување на љубов, а најмногу ќе ги изненадите ако организирате ноќ, која ќе поминете само со нив. Работите кои ќе ги возбудат се вкусна вечера, сензуална масажа, комплименти и љубовни објаснувања. Откако ја добие посакуваната количина внимание, лавот ќе ви возврати десеткратно.

Девица

Девиците се познати како љубители на контролата. Сепак, за кратко сакаат да ја пренесат оваа улога на својот партнер. Ако сепак тоа трае премногу долго, тие имаат тенденција да изневерат, за да ја почувствуваат повторно контролата во свои раце. Ако сакате да возбудите девица – понудете и ново искуство.

Вага

Љубовни писма, вечера со свеќи, милувања и масажи – ова се работи кои дефинитивно претставниците на хороскопскиот знак Вага ги обожава и никогаш нема да престане во тоа. Нежните игри со заби на усните и ушите се исто така сигурен начин да ги полудите од возбуда.

Шкорпија

За шкорпијата вистински афродизијак е кул хумор од страна на партнерот. Ќе им направите сериозен впечаток, ако ги одведете на луксузен одмор или во исклучителен ресторан. Ако ги комбинирате двете работи – претставниците на хороскопските знаци ќе бидат ваши.

Стрелец

Бакнежите по вратот и усните сигурно ќе им се допаднат, но кога овој парк сте исцрпени од сексуални идеи, пробајте со чист планински воздух и екстремни спортови. Стрелците паѓаат и на нестандарен однос на партнерот кон нив.

Јарец

Иако сите ги гледаат како големите традиционалисти на хороскопот, јарците ги сакаат забранетите љубовни игри. Нешто што би ги довело до возбуда е нивниот партнер да ги допира под маса. Доколку им кажете дека не можете да живеете без нив, исто така, им делуваат возбудувачки.

Водолија

Водолиите искрено уживаат на споделување помеѓу партнерите на интимните тајни. Општите разговори, смеата и искреноста се клучот кон срцето и страсната ноќ со нив.

Риби

Романтични прошетки, вечера, проследена со звук од гитара, романтичен филм – рибите се сонувачи на хороскопот и во однос на турбулентните ноќи, тие сонуваат за романтика како од филм. Релаксирачка музика, романтичен амбиент и нежни допири се рецептот за ноќта полна со страст.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа