Доколку се врзете со некој во врска кој не се однесува добро со вас и се однесува како да не му е грижа за вас, тоа прави повеќе штета на вас отколку што мислите. Доколку подолго време се држите за погрешните луѓе, можеби ќе ја пропуштите љубовта на вашиот живот.

Иако е прилично тешко да се напушти врска, посебно со партнер кој го сакатепремногу и подолго време сте заедно но доколку го направите тоа верувајте дека ќе ви биде подобро без таа врска.

Иако секојдневно се надевате дека односнот на вашиот партнер/ка ќе се промени со текот на време и дека еден ден ќе се разбудите и вашата врска одеднаш ќе стане совршена сепак тоа нема да се случи. Луѓето не се менуваат освен ако самите не сакаат и ако навистина и самите гледаат проблем во нивното однесување.

Но, доколку чувствувате дека не се грижат за вас, зошто да останете во таква врска? Зошто си го трошите времето?

Претпоставуваме дека веројатно сте се откажале од многу работи поради таа врска и треба да се запрашате што сте постинале со тоа. Дали тоа ве направило посреќни и дали врската тргнала на добро. Најопасната работа која можете да си ја направите самите на себе е да го дадете своето срце на луѓе кои не ве почитуваат и кои ве земаат здраво за готово.

Затоа што некаде таму постои некоја личност која сака да ве третира со почит и личност која ќе биде совршена за вас.

Не се задржувајте. Не си го трошете драгоценото време со луѓе кои не ве прават среќни. Имате избор. Можете да си отидете и да ја пронајдете својата среќа.

Љубовта ќе ве пронајде кога ќе бидете подготвени. Првиот чекор е да ја пронајдете среќата во самите себе.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа