Vip

Доколку се сомневате дека вашето момче има друга девојка, проверте дали ги покажува некои од следниве 6 знаци кои јасно го укажуваат неверството...

Зголемена приватност

Сите имаме потреба од приватност, но преголемата приватност е причина за сомнеж. Поставувањето лозинки на компјутерот и шеми за заклучување на мобилниот телефон е доволен знак дека постои трета личност.

Се труди да изгледа убаво

Ненадејната поголема грижа за поубав надворешен изглед од вообичаено, избор на нов парфем, преголемо внимавање за комбинацијата на парчиња облека и менување на фризурата се само дел дека веќе има или е во план да освои нова девојка.

Намалена интимност

Низаинтересираност за секс, исчезнувањето на спонтаните бакнежи и прегратки, како и избегнувањето на приватните моменти се исто така доволен знак за постоењето на трет играч во врската.

Поминува многу време на социјалните мрежи

Времето кое го минува пред компјутер или на мобилен телефон е значително поголемо од претходно. Последните статистики покажуваат дека социјалните мрежи се причина за прекин на голем број долгогодишни врски.

Промени во расположението

Драстичните промени во расположението исто така можат да бидат предзнак. Но, бидете внимателни со оваа претпоставка бидејќи стресот на работното место може да биде причина за промена во расположението на вашиот партнер.

Троши многу повеќе од порано

Доколку живеете заедно се труди да не дознаете на што ги троши парите, се задолжува кај пријатели или вади нови кредитни картички. Исто така, ги крие месечните извештаи за телефон од вас.

banerIscelitelMilenium

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila