Денеска бев во суд. Направив прекршок, ми одредија казна, сето тоа е во ред. Никогаш порано не сум бил во бараките во парк, не очекував ништо поинакво од она што го добив. Полураспаднати бараки, со оние класични дрвени бели рамки на прозорците кои никогаш не биле сменети, а бојата последен пат, по слободна проценка била нанасена пред едно дваесет години.
Се изнаслушав и изначитав различни мислења околу Скопје Ремиксд, на крајот откако го читав блогот на внукот на Трајанка, реков, јебеш ти немам време, мора да запишам пред да заборавам.
Лид инсистираше да пишувам на тема „Сè се случува со причина“ и јас ќе го сторам тоа. Сè се случува со причина е една прекрасна реченица којашто не е вистинита и се користи со векови за смирување на немирниот дух.
Секогаш ми било полесно да зборувам кога сум прашан отколку да зборувам без прашање. Веројатно останато како траума од деновите кога бев основец, оваа „навика“ ако може така да се нарече, ме тера и да пишувам јавно за проблемите и прашањата кои ми се поставувани тајно.
Малку ми е преку глава од сите оние коишто удобно седат дома во своите фотељи, грицкаат сончоглед, скролаат надолу по екранот и стискаат дислајк на се што ќе се појави. Добро бе луѓе, нели имате вие работа, хобија, интереси, девојки и дечковци или сите сте сами, осамени и со премногу слободно време?
За прв пат ми е многу мерак што оваа колумна нема да постигне никаков успех и ќе биде прочитана од многу малку луѓе, бидејќи нема да има помпезен наслов, нема да ги нападне или величи двете политички опции, ниту во неа ќе се пишува за секс, женски облини или спектакуларни смртни случаи.
Денеска е српска нова година. Денес, обврска на секој Македонец, без разлика какви политички сипаници има фатено, е да замижи пред велесрпството и да се почувствува горд Србин бидејќи на нашите поголеми братчиња мора да им се удоволи. Најважно, никој не смее да прокенка никаде дека ние единствено денов го познаваме како Василица или Стара Нова Година, бидејќи тоа е голема навреда на егото на секој Србин во оваа земја иако тие се речиси безгрешни, бидејќи речиси и немаат его, но со овој потег толку многу ги навредуваме, што почнуваат дури и тие да... бунцаат, што би баш они рекли.
Само што сакав да влезам дома, на вратата една трошна женичка ме поздрави и ми рече „знам дека е малку непријатно, но ми требаат пари. Детето ми е болно...“
Се навикнав себе си да се гледам во трето лице. Понекогаш помислувам дека сум со години во кома и со децении во клиничка смрт, живеам во чистилиштето на мојата лична Божествена комедија, пред вратата... и како да се двоумам дали конечно да влезам низ големата дрвена капија на пеколот или сепак да се симнам и да се проврткам по земјата уште некое време?!
Понекогаш, работите ви се сјебани. Нема друг збор за тоа, извинете, ама нема. Сјебани, значи дека она што ви се слува во текот на денот, неделата, месецот, по некогаш и животот, не ви се допаѓа, ама вие не можете да сторите апсолутно ништо околу тоа, ниту имате било каква моќ да ги смените работите. Вие... сте сјебани.