Кога фокусот ќе го заборавам на некоја кота од секојдневните средби со змејови и тигри во човечки лик, пред очи ми паѓа превез со бојата на овој микросвет.
Денес, во ситните ноќни часови – случајно ми предложија да го уклучам телевизорот и да погледнам некој репризен тв-прилог, по некоја случајност на една наша телевизија. Отпрво мислев дека станува збор за инфромативна емисија од областа на филмот, подоцна излезе дека тоа всушност била емисија што едуцира за секс. Ви спомнав дека тоа беше репризата, инаку истата има редовен термин во пладневните часови, кога сите возрасти вртат по каналите.
Како новопечен колумнист, должност ми е да ви се претставам (не во кратки црти, не познавам клинесто писмо ) накратко ... Сметам дека приватниот живот и деталите околу тоа - кој стои зад псевдонимот АМЕЛИЈА се непотребни информации.