Кога бев мала имав еден страшен проблем кој ме мачеше доволно долги години. Тој свој проблем го ставав на исто рамниште на најголемите секојдневни домашни и светски проблеми кои денес ги мачат луѓето. Со други зборови прашањето : Дали постои Дедо Мраз и од каде влегува кај мене дома, кога немам камин, а оџакот ми е претесен?
Имам еден многу драг пријател кој е заљубен во филозофската мисла и изразување. Нејсе таа љубов, проблемот е што смета дека ако користи зборови кои се комплетно несоодветни, замрсени и комплицирани доловува поента на генијален ум. Понекогаш тоа ми делува смешно, а понекогаш тажно.
Денес се бележат токму 30 години од денот на твојата смрт. Овде пријателе ништо повеќе не е исто. За жал, не можам да ти кажам дека сè е по старо. Не е. Јас не живеев во твоето време кога ја сееше својата идеологија, но, во недостиг на модерни херои често го вртам лицето накај твоето дело...
Фаќам еден од последните возови за да напишам есенски текст. Сигурно Ви текнува на старата школска задача. Дојде ли есен, доаѓа наставникот по македонски и вика: Ајде дечки пишувајте за есента. А ти си викаш: Мајката, што да напишам , а да биде различно од лани и полани?
Никогаш не сум го сакала ноќниот живот на Скопје. Ме потсетува на маскарада, во која никој не е свој, и тоа чувство не се смени низ годините. Напротив, само се потврдува.
Понекогаш ми е криво што ги немаме методите на мрачниот среден век, кога секоја "богохулна" книга била палена на клада без проблем. Добро, додуша тогаш се палеле и вештерки , но јас би се задржала сега на првиот дел.
Многу добро знаете за што зборувам драги мои дами. За вечниот проблем на жените да се врзуваат за чисто сурова сила. Лошите момци кои најчесто се обични насилници, а не "бунтовници" како што сакаме нагалено да ги наречеме, не следат од градинка до крајот на животот. Сè започнува со оној малечок насилник кој во градинка ги тегне девојчињата за коса. Истиот тој на улица е оној на кого сите му се плашат.
Еден професор на часот по англиски јазик напишал на таблата “Woman without her man is nothing” и побарал од неговите ученици да ја напишат реченицата така како што тие сметаат дека е интерпункциски точно. Мажите напишале “Woman, without her man, is nothing” , а жените “Woman: Without her, man is nothing".
Не сте истата личност, и тоа веќе некое подолго време. Не ви се зборува, се дружите само сами со себе, и однадвор и одвнатре сте изобличени. Имате чувство дека никој не ве разбира. Веројатно храната е последното нешто на кое помислувате, а и да почувствувате глад ви се првртува помислата од тоа да ставите нешто в уста. Депресијата ви е најдобар пријател, и полека но сигурно, ја губите реалноста од под нозете од само една причина. Опседнати сте. Потребен ви е егзорцизам под итно, инаку ќе се збогувате со ликот кој го познавате во огледалото.
Многу ги сакам луѓето кои држат до себе, не оние лажно принципиелни човечки суштества кои користат остри, а сепак лажни зборови и свиваат веѓи како да ја откриваат тајната на светот додека ви зборуваат, туку оние со ѓаволски поглед и пргава душа која останува отпорна и покрај тоа што целиот свет сака да ја омекне.