На Маја Алексиќ од Куманово и е потребна нашата помош. Како сопатник во сообраќајна несреќа на 9-ти јули, Маја се здоби со тешки повреди на двете нозе. По неколкуте оперативни интервенции, Маја сега е дома и е моментално неподвижна. Левата надколеница била спасена со операција.

Моментален проблем е десната потколеница која што е отворена, бара постојани преврски и можна втора операција.

Постојаното патување Скопје- Куманово, третманите против згрутчување на крвта и сите други медицински трошоци бараат голема сума на пари, кои што нејзиното семејство мора да ги покрива на неделна база.

Минималните неделни трошоци се 300 евра само за секојдневната нега. Поголемите трошоци и операции уште не се покриени.

ДА ПОМОГНЕМЕ МАЈА ПОВТОРНО ДА ЗАСТАНЕ НА НОЗЕ!